Спорт

Флорентино Перез не можеше да верува на своите очи!


Реал Мадрид синоќа без поголеми проблеми го совлада Наполи со 3:1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез натпеварот вообичаено го гледаше од својата ложа на „Сантиаго Бернабеу“. Сепак, остана разочаран кого го виде стартниот состав. Имено, во стартниот тим на „кралевите“ имаше само двајца Шпанци, Серхио Рамос и Дани Карвахал.

Од друга страна гостите од Италија имаа повеќе Шпанци во својот тим, дури тројца во почетната постава. На голот беше Пепе Реина, во одбрана Раул Албиол и Хосе Каљехон во нападот. Притоа Албиол и Каљехон се бивши играчи на Реал Мадрид. Ова сигурно беше шок за Перез бидејќи во минатото се случувало Реал на терен да истрча и со деветмина Шпанци во стартниот тим.

Во неомври 2013 година тогашниот тренер Карло Анчелоти во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија изведе состав кој го сочинуваа: Диего Лопез, Серхио Рамос, Пепе, Алваро Арбелоа, Дани Карвахал, Чаби Алонсо, Иљараменди, Герет Бејл, Иско, Алваро Мората и Хесе Родригез.

Осум години порано, или поточно на 6-ти ноември 2005 година, на натпреварот против Сарагоза исто така Реал Мадрид имаше 9 Шпанци во стартниот тим.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top