Филипче челник на здравство, министерска позиција и за Ахмедовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што брифираат за медиумите партиски извори од владејачката СДСМ, Венко Филипче ќе биде предлог од оваа партија за пополнување на министерската позиција во Министерството за здравство, која остана празна по заминувањето на Арбен Таравари во градоначалничката фотелја на Гостивар.

Покрај Филипче, нов министер ќе биде и Аксел Ахмедовски од партијата на Самка Ибраимовски кој си замина од Владата за да биде пратеник.

Сѐ уште се чекаат имињата на кадрите кои треба да ги предложи ДУИ. Тие треба да го поплнат испразнетото министерско место без ресор на Рамиз Мерко и заменик министерското место во образование на Висар Ганиу.

Веќе е извесно дека Села го загуби ресорот кој го доби во првичниот владин договор. Од Алијансата не го кријат незадоволството но не соопштуваат дали ќе останат дел од Владата.

И без гласот на Зијадин Села, СДСМ веќе има мнозинство во Собранието. Весел Мемеди одамна го напушти таборот на Алијансата и се приклони кон ДУИ, а во кон паралемнтарното мнозинство се приклучи и Саздовски од ГРОМ и најверојатно Амди Бајрам од Коалицијата за подбра Македонија.