Фиго: Никој не е незаменлив, па ни Роналдо!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот португаски фудбалер, Луис Фиго вели дека Реал ќе може да го „преброди“ заминувањето на Кристиано Роналдо.

Се погласно се шпекулира дека Роналдо ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид, после обвинувањата дека затаил данок.

„Моето мислење е дека никој не е незаменлив, па ни Роналдо. Клубовите не смеат да зависат од поединци, историјата на тие клубови е над сите, па дури и претседателот. Многу нешта мораат да се случат за Кристиано да замине. Тоа е лична одлука“, изјави Фиго.

Роналдо синоќа и донесе победа на Португалија во Купот на конфедерации, а „Марка“ денес пренесе дека веќе е договорен состанок на кој Кристиано лично ќе му соопшти на претседателот Флорентино Перез дека сака да замине.