ФИФА потврди: Имаме подршка за Мундијал со 48 учесници!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека светската куќа на фудбалот има голема поддршка од светските федерации во врска со планираниот Мундијал на кој би учествувале 48 репрезентации.

Инфантино предложи Светско првенство со 48 репрезентации, систем 16 групи со по три селекции, а официјално за предлогот ќе се гласа на 9 јануари наредната година. Доколку прелогот биде усвоен Мундијалот со 48 селекции најверојатно ќе „дебитира“ во 2026 година.

Последен пат ФИФА го прошири Светското првенство пред Мундијалот во Франција во 1998 година, од 24 на 32 репрезентации.

Доколку предлогот помине, а според лобирањата тоа е реално, најголем проблем ќе биде организацијата на едно такво натпреварување, бидејќи нема многу земји во светот кои би се кандидирале за организацијата.

Според шпекулациите најверојатно во организацијата ќе учествуваат повеќе држави, нешто што прв пат во фудбалот ќе биде применето на ЕУРО 2020.