Фердинанд: Вест Хем треба да го остави Паје да скапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легедарниот аглиски дефанзивец Рио Фердинанд даде свое мислење за „случајот Паје“ и јавно го осуди однесувањето на францускиот репрезентативец.

Фердинанд истакна дека ниту еден фудбалер не е поголем од клубот и ги советуваше „чеканите“ да употребат радикална метода, односно да го „остават да скапе“.

„Доколку јас бев главен таму ќе му кажев, ’слушај, се додека не ги добиеме парите кои ги бареме, ќе седиш и ќе скапеш’. Така јас би постапил. Клубот е поголем од било кој фудбалер, и доколку некој играч покажал непочитување морате да се справите со тоа соодветно“, изјави Фердинанд.

„Можам да ги разберам фановите на Вест Хем и нивната фрустрација и гнев. Секој фан на Вест Хем, па и секој фудбалски фан, е подготвен да си ја исече раката само за да добие шанса да игра за својот омилен клуб. Не можат да разберат зошто добива толку многу пари а одбива да игра”, заклучи поранешниот дефанзивец на Јунајтед и Вест Хем.