Фејсбук ја започна големата битка со лажните вести на нивната платформа (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фејсбук објави промени во нивната платформа, насочени кон справување со измислените вести на најголемата светска социјална мрежа, по критиките минатиот месец дека лажните информации влијаеле на американските избори, пренесува Радио МОФ.

Новините вклучуваат можност да се означат лажните вести, како и можни идни промени во алгоритмот на Фејсбук.

„Веруваме во давање глас на луѓето и дека ние не можеме да бидеме арбитри на вистината. Па се справуваме со овој проблем вниматено“, соопшти компанијата.

Социјалната мрежа додаде нова опција наречена „ова е лажна новинска информација“ на страната за пријавување, која во моментов се користи за спам пораки и други содржини кои им сметаат на корисниците. Истовремено тие воведуваат и опција за „спорни“ вести, кои според компанијата, ќе бидат испраќани кон надворешни организации за проверка на факти. Контролорите на фактите мораат да се потпишат на кодекс на принципи за да учествуваат во овој процес.

Досега има 43 потписници, меѓу нив и новински организации од неколку различни држави. Операцијата на проверка на факти ја предводи американската Poynter.

Фејсбук информира дека вестите кои ќе се покажат како лажни по фактографската проверка ќе бидат означени со линк кој ќе објаснува зошто се лажни, додека веројатно е дека тие содржини ќе се појавуваат многу подолу во фејсбук листата на корисниците.

Спорните вести, исто така, ќе ги предупредуваат корисниците пред да ги споделат.

Компанијата соопшти дека разгледува и други промени во иднина. Една од нив е истражување дали луѓето „значително помалку“ би споделиле пост, откако всушност ќе ја прочитаат веста. Фејсбук објаснува дека ќе се обиде да открие дали луѓето кои ја читаат новинската сторија, но потоа не ја споделуваат со нивните пријатели, биле погрешно наведени на некој начин.

Од компанијата најавија дека разгледуваат можност да ги казнат интернет сајтовите кои се обидуваат да ги имитираат поголемите новински куќи, или оние кои ги манипулираат читателите да помислат дека се работи за некој многу познат новинарски извор.