Спорт

Федерер и Чилиќ во финалниот дуел на Вимблдон 2017


Роџер Федерер се пласира во своето 11-то финале на Вимблдон, каде ќе се бори за рекордната осма титула на овој турнир и рекордна 19-та на гренд слем турнирите.

Федерер, во второто полуфинале, успеа да го совлада Томаш Бердих од Чешка за два часа и 16 минути со 7:6, 7:6, 6:4.

Чехот успеа против Федерер да избори два тај брејка, но токму во првите два сета Швајцарецот ја покажа менталната надмоќ.

Во третиот сет решавачкиот момент се случи при резултат 3:3 кога Берих не успеа да реализира две брејк топки. Потоа, како многу пати во кариерата Бердих доживеа психолошки пад, Федерер тоа го искористи направи брејк во деветтиот гем, а потоа без рутински го заврши мечот.

Федерер на Вимблдон иам освоено седум титули, последната во 2012 година. Во меѓувреме два пати играше во финалето, во 2014 и 2016 година, но и во двете загуби од Новак Ѓоковиќ.

Федерер во финалето, кое на програмата е в недела, ќе игра против Марин Чилиќ кој во четири сета го победи Американецот Сем Квери.

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ во полуфиналето го победи Сем Квери од САД со 3:1 (6:7, 6:4, 7:6, 7:5) и ќе игра против Федерер

Марин Чилиќ втор пат ќе игра финале на еден гренд слем турнир и ќе се обиде в недела да ја освои втората титула во кариерата. Хрватот пред три години ја освои титулата на УС Опен, тогаш во финалето го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6:3, 6:3.

Исто така Чилиќ е вториот хрватски тенисер кој стигнал до финалето на Вимблдон, пред него Горан Иванишевиќ играше четири финалиња и освои една титула.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top