Фатено на снимка: Ја удри гром на новогодишна прошетка на плажа – уште се бори за живот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дваесет и петгодишна девојка била погодена од гром додека се шетала на плажа во близина на Сао Паоло, а лекарите сѐ уште се борат за нејзиниот живот.

Девојката претрпела срцев удар, а според последните информации објавени од тамошните медиуми, се наоѓа во критична состојба.

Снимката од страшниот инцидент откри дека во непосредна близина се наоѓале уште десетина луѓе, како и едно дете, но бразилските портали не наведуваат дека некој друг, освен девојката, бил повреден.