Фатени Бугарки што „оперирале“ во бутици во ГТЦ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Две Бугарки се во притвор, а една е протерана од државата откако биле фатени како крадат во бутици во Градскиот трговски центар во Скопје.

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО против едно лице на возраст од 17 години, Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), бугарски државјанки, поради постоење основано сомнение дека извршиле три кривични дела “кражба“ предвидени и казниви по чл.235 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 135.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. и Р.Д.Г. одредена им е мерка притвор од по осум дена, а малолетничката е протерана со двегодишна забрана за влез во Република Македонија.

Кривичните дела, Бугарките ги извршиле на 23-ти, 24-ти и 25-ти минатиот месец, во три бутици во три трговски центри во Скопје. Притоа сите се извршени на идентичен начин, искористувајќи го невниманието на оштетените и гужвата околу нив, малолетничката со протнување на рака во нивните чанти кои ги носеле на рамо ги крадела нивните паричници, додека второпријавената чувала стража, а третопријавената стоела надвор и со истата ги делеле парите.

Од страна на Полициските службеници од Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, подигнат бил видео материјал од безбедносните камери поставени во бутиците.

На 25-ти минатиот месец околу 15,00 часот на ул. “Никола Карев“ во непосредна близина на Транспортниот центар – Скопје првопријавената и второпријавената биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД МД Центар Бит Пазар и истите биле приведени.

Во ПС ОН Центар извршен бил разговор со второпријавената во кој разговор истата го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела и посочи дека третопријавената со автобус веќе се упатила кон граничен премин Деве Баир. Со телеграма биле известени ГП Деве Баир, по што од нивна страна било извршено запирање на наведениот автобус, каде што третопријавената била лишена од слобода и спроводена во ПС-ОН Центар.