Фатен возачот кој изврши терористички напад во Стокхолм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осомничениот за терористичкиот напад е уапсен и призна дека го возел камионот со кој згази најмалку пет лица во шведската престолнина Стокхолм.

Мажот првично успеал да им избега на полицајците од местото на инцидентот. Тој ја искористил хаотичната престрелка со органите на редот.

Тој бил уапсен во северниот дел на шведската престолнина. Уапсениот признал дека учествувал во нападот, соопштија во петокот извори од силите за безбедност за Aftonbladet.

Претходно портпаролот на полицијата потврди апсењена маж „кој има некакво учество во инцидентот”, пишува уште весникот. Инаку, локалната полиција објави снимки од маж со зеленa јакна.