Фаталната Сашка која снимаше секс со свештеник повторно уапсена по 7 дена слобода


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Сашка Ковачевиќ од Модриќ, која се сомничи дека со порно снимки го уценувала свештеникот И.К., после седум дена на слобода повторно е во притвор во Добој.

Уапсена е од страна на судската полиција после 24-часовна потрага, по налог на Окружниот суд во Добој. Обвинителството барало таа и нејзиниот дечко да се вратат во притвор. Тој сам се пријавил во КПЗ Добој, додека Сашка се обидела да побегне, па бил издаден налог за нејзино апсење, пренесува Слободна Босна.

Сашка, Васиљевиќ и Мило Јоксимовиќ се обвинети за учество во уцена на споменатиот фратар за 250.000 конвертибилни марки (околу 125.000 евра), па на сите им беше одредена мерка забрана за напуштање на престојувалиштето. Откако обвинителството поднесе жалба, Ковачевиќ и Васиљевиќ добија притвор, додека Јоксимовиќ се брани од слобода.

Тие тројца се уапсени во август, 2017 година, во рамки на акцијата „Стероид“, под сомневање дека го уценувале фратарот И.К., кој детално опишал како Ковачевиќ му изјавувала љубов сè додека тој не потклекнал и го прекршил целибатот.

Ја запознал како малолетничка, а со тек на време се спријателиле. Најпрвин од него таа позајмила 7.000 марки, а уште тогаш му предлагала да се впуштат во љубовна врска што тој ја одбил. Кога имала 20 години, му рекла дека го сака и дека сака да има сексуални односи со него.