Фатална лекарска грешка: Маж почина за време на операција за зголемување на „алатот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку се мажите осетливи на својата машкост потврдува и нивната подготвеност на подложување на оперативен зафат само за да имаат поголем „алат“ во гаќите.

А кога станува збор за такви хируршки естетски интервенции, иако ризикот од фатален исход е незначителен, речиси никаков, сепак во морбидниот случај на типот од оваа сторија и тоа се случи. Имено, во Шведска е забележан првиот смртен случај на маж кој починал среде операција за хируршко зголемување на пенисот.

Доживеал срцев удар

Здрав 30-годишен маж сакал да го зголеми својот пенис, како во должина, така и во обем. Нему му била извршена операција со која масно ткиво од стомакот му било префрлено во пенисот. Пластичните хирурзи првин извршиле издолжување, што вклучува и засекување во коренот на половиот орган за да се опушти лигаментот.

Потоа започнале со зголемувањето и планирале вбризгување на две дози течни масни клетки. Сепак, пред да го довршат вбризгувањето, пулсот на пациентот ненадејно му се забрзал, нивото на кислород се намалило, а крвниот притисок опаднал, за на крајот тој да доживее срцев удар.

Лекарите веднаш започнале со реанимација на пациентот и го префрлиле во соба за итни случаи, но тој, за жал, им подлегнал на последиците од таквата реакција на организмот и починал два часа подоцна.

Пациентот, кој имал само блага форма на астма, инаку немал никакви други проблеми во медицинската историја, починал од масна емболија, се наведува во извештајот за случајот. Тоа се случува кога масното ткиво минува низ крвотокот и влегува во крвните вени, белите дробови и други места, што резултира со респираторни пречки.

Во извештајот се наведува дека „пенилното продолжување или проширување се смета за едноставна и безбедна постапка“, но се предупредува дека компликациите можат да бидат далеку поголеми кога се комбинираат двата зафати.

Иако ова е прв смртен случај при ваков зафат, експертите велат дека речиси во секој таков случај остануваат последици.

„Тоа е целосно непотребна процедура која никогаш не пали, туку само го унакажува човека, а може и да ве убие“, вели урологот Тобајас Кохлер.