Фановите не можат да си поверуваат дека Кајли е во врска со него – дали е вистина?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кајли Миног 947) веќе неколку недели, наводно, е во врска со принцот Ендру (58), војводата од Јорк. Ваква, по малку бизарна, објава пласираше еден австралиски таблоид, а истата ја пренесуваат и британските медиуми.

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) on

После раскинувањето на свршувачката со британскиот актер Џошуа Сас, Кајли својата среќа наводно ја нашла во прегратките на синот од кралицата Елизабета. Комуникацијата, пак ќе повториме, наводно, почнала откако Миног ја раскинала свршувачката оваа година.

Принцот Филип неодамна пејачката ја награди со награда во дворецот Виндзор, а тогаш наводно почнало иинтензивното дружење со Ендру.

„Во овој момент се неразделни. Ендру е 100 проценти опседнат со неа“, тврди неименуван извор за списанието. Истиот извор тврди дека Кајли би требало да го придружува принцот Ендру на најавената венчавка од сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа. Тогаш ќе видиме дали каде што има чад, има и оган.