Фановите избезумени: Протече снимка од можниот изглед на новиот iPhone 8 (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обожавателите на iPhone се нестрпливи за новиот iPhone 8 и со нетрпение ја очекуваат секоја информација за новиот модел.

Apple мора да го потврди сето она што досега се зборуваше за „осумката“, а во меѓувреме на интернет кружи видео снимка од можниот изглед на iPhone 8 која ја сними и објави новинарот Шаи Мизраки за 9to5Mac, пренесува Elite Daily.

На снимката се гледа дека има тенка линија, долга вертикална камера и голем екран. Во споредба со „седумката“ е многу помал.

„Ова е најубавиот дизајн досега“, гласи еден од коментарите, додека друг е импресиониран велејќи „Колку е тенок“.

Уште е непознато дали отклучувањето на екранот на „осумката“ ќе може да се прави со помош на отисок, но она што е познато е дека новиот модел ќе биде водоотпорен.