Фановите го избраа стартниот тим за вечерва – Зидан ги игнорира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу 50.000 навивачи на Реал Мадрид гласаа во анкетата на „Марка“ за тоа кој е нивниот идеален почетен состав на Реал во денешниот меч протов ПСЖ.

Сами 13,5% сметаат дека Карим Бензема треба да биде во стартниот тим, а тоа по се изгледа е и планот на тренерот Зинедин Зидан. Мнозинството фанови се категорични дека Французинот треба да биде на клупата.

Најмногу од фановите – точно 36% му дадоа доверба на Иско, кој трева да биде во средниот ред и да делува позади Роналдо и Бејл.

24,14% од анкерираните пак не го сакаат Герет Бејл во тимот и го претпочитаат Асенсио заедно со Иско и Роналдо во систем 4-3-3.

16,59% од фановите на Реал не го сакаат Иско, туку гласаат за Асенсио заедно со Бејл и Роналдо во стартниот тим.