Евзони-Богородица затворен за сообраќај и денес и утре


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Граничниот премин Евзони-Богородица ќе биде блокиран за сообраќај до петок, 3 февруари, одлучија грчките земјоделци кои од понеделникот штрајкуваат.

Во петок синдикатот на грчките земјоделци и фармери повторно ќе одлучуваат дали ќе продолжат со блокадите.

И од двете страни на границата веќе се создадени долги колони со камиони. Грчките земјоделци се против некои најавени даночни реформи.

Освен на границата со Македонија, блокади има и низ цела Грција.