Музика

Евросонг 2017: Дел од комшилукот остана без финале


На синоќешната прва полуфиналне вечер од Евросонг 2017 во Киев, Украина, настапија претставници на 19 земји, а финале изборија најдобрите 10.

Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија се првите финалисти кои обезбедија влез во финалето во сабота на 13 мај.

Без финале останаа Грузија, Албанија, Црна Гора, Финска, Исланд, Чешка, Словенија, и Летонија. Право на глас имаа публиката и членовите на жири комисијата од земјите учеснички, како и директните финалисти од Италија, Велика Британија и Шпанија.

На Евросонг оваа година учествуваат 42 земји.

Македонската претставничка Јана Бурческа со песната „Dance alone“ ќе настапи трета по ред на втората полуфинална вечер. Второто полуфинале е закажно за утре, а финалето ќе се одржи в сабота, 13. мај.

На втората полуфинална вечер право на глас повторно ќе имаат публиката и жири комисијата од земјите учеснички на второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Укриана и Франција. Меѓу учесниците пак, се вбројуваат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

Русија требаше да настапува трета во второто полуфинале, но го откажа своето присуство на манифестацијата поради тоа што украинските власти ѝ забранија влез во земјата на руската претставничка, а Русите одбија таа да настапува преку сателитски видео пренос.

Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година. Босна и Херцеговина, пак, се повлече од годинешното натпреварување поради финансиски проблеми.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!