Европски комесар тврди: Се планира граѓанска војна во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кризата во Каталонија би можела да доведе до граѓанска војна на европско тло, тврди европскиот комесар за буџет и човечки ресурси Гинтер Етингер.

Според него, ситуацијата е „многу, многу вознемирувачка“.

„Се планира граѓанска војна на сред Европа. Можеме само да се надеваме дека наскоро ќе дојде до разговор меѓу Мадрид и Барселона“, изјави Етингер.

Тој додал и дека Европската унија ќе интервенира во овој случај само ако биде повикана.

Цела низа европски пратеници, како и каталонското движење за независност ја обвинуваат унијата дека малку или воопшто не реагира на настаните во Барселона.

За тоа за Дојче веле говорел професорот по меѓународни односи и управување и член на член на „Центарот за студии по европска политика“ Стивен Блокманс.