Европратеници со апел за замрзнување на преговорите со Турција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европратеници повикаа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во Европската унија со образложение дека кампањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган против противниците означува дека Анкара не ги исполнува демократските критериуми на Унијата.

Гласањето за тој предлог се очекува утре да помине без проблеми имајќи предвид поддршка од парламентарците, но парламентот има ограничено влијание врз прашањето, јавуваат западни медиуми.

Ние не повикуваме за прекин на целиот дијалог или соработка, да се зборува заинтеграција е нереално во овој момент, изјави Кати Пири, европратеник која ја состави препораката и ќе биде ставена за гласање утре.

ЕК и влади на држави членки додега ги игнорираа повиците за официјално замрзнување на преговарачкиот процес, кој во пракса е веќе блокиран. Преговорите меѓу ЕУ и Турција официјално почнаа пред 12 години.