Европа „полуде“ по него – има 16 години и го сакаат најголемите клубови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Апенинте се „роди“ нова фудбалска ѕвезда! Станува збор за 16-годишниот Пјерто Пелегри кој веќе сруши неколку рекорди.

Младиот напаѓач на Џенова минатата сезона стана најмладиот фудбалер во историјата на Серија А кој постигнал гол, а викендов против Лацио постигна два гола и така сруши уште еден рекорд.

Иако има само 16 години, Пелегри оваа сезона играше на четири натпревари на кои постигна 3 гола, па експертите се сигурни дека тој има потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери во светот.

Италијанските гиганти имаа обид да го ангажираат уште ова лето (Милан, Интер и Јувентус), но сега во трката за неговиот потпис се приклучија и Манчестер Јунајтед и Челзи.

Медиумите во Италија тврдат дека најконкретен во намерата е Милан кој сака да го купи Пелегри уште во јануари. Имено „росонерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра, плус да го остават напаѓачот уште две години на позајмица во Џенова.

Притоа, во договорот ќе бидат вметати бонуси од 20 милиони евра во зависност од учинокот кој ќе го има Пелегри во наредните две години. Тоа значи дека трансферот на овој 16-годишен фудбалер може достигне до 50 милиони евра!