Живот

Еве зошто поредовен секс: После сексуалното задоволство блескате и тој сјај ве држи два дена


Редовниот секс прави чуда за нашето тело, од зголемување на самодовербата до намалување на ризикот од срцев удар.

Најверојатно досега сте забележале дека некои луѓе „сјаат“ по сексот или подобро кажано изгледаат свежо и мошне задоволно.

Едно истражување, откри дека ефектите од сексот, односно сјајот може да траат и до 48 часа. Истражувањето било спроведено врз две групи на парови, кои во просек имале секс четири пати во текот на две недели.

Резултатите од истражувањето покажале дека среќното чувство по сексот трае и до два дена од односот. Оние кои имале поголем „сјај“ имале и посреќна врска со партнерот односно со партнерката.

Изгледа дека колку е подобар сексот толку повеќе се забележува дека сте го имале. Ако го немате, тогаш можеби е време за промени.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!