Еве што ѝ подари Меланија на Мишел при „трансферот“ на власта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мишел Обама, денес бивша Прва дама на САД, по една година од самиот настан откри што имаше во сината кутија од „Тифани“, која што Меланија Трамп ѝ ја поклони на денот на инагурацијата на Доналд Трамп за претседател.

„Тоа беше убава рамка за слика“, рече Мишел за емисијата која ја води Елен Деџенерис, во своето прво појавување по излегувањето од Белата куќа, а која ќе биде емитувана денес.

„Постои протокол. Тоа е како државна посета кога ти кажуваат – сега ќе го правиш ова, таму стојат тие и други работи. Никогаш претходно не се давал поклон во таа прилика, па размислував што да правам со кутијата“, објаснила Мишел Обама.

Публиката на тоа се насмеала, а таа додаде дека сите се повлекле.

„Никој не доаѓаше да ја земе кутијата“, наведува Мишел, напоменувајќи дека тогаш ја спасил сопругот.

„Размислував дали треба да се фотографираме со поклонот, а тогаш мојот маж ме спаси. Ја зеде кутијата и ја стави позади.“