Еве што пишувало во првото CV од Стив Џобс кога конкурирал за вработување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото CV на секој млад човек кога ќе почнува да се наметнува на пазарот на трудот и да конкурира за вработување, обично секогаш е невешто, наивно, понекогаш и претенциозно, но во секој случај – содржински нешто што допрва ќе се збогатува и стилски дефинира.

Своето прво CV основачот на Apple, Стив Џобс, го предал во далечната 1973 година, додека сè уште бил студент во потрага по работа и далеку од идејата дека некогаш ќе биде најпозната личност од сферата на технологијата.

Во тоа време Џобс бил студент на Рид колеџот во Орегон, но одлучил да го остави школувањето по само еден семестар. Сепак, тој на колеџот останал и во наредните 18 месеци, каде што упаѓал на предавањата за кои мислел дека ќе бидат интересни за него. Токму и затоа неговото прво CV е многу интересно, односно дава добра претстава за тоа како Џобс се гледал себеси додека бил студент.

Како што покажуваат „доказите“, како посебни способности Џобс ги навел „електронската технологија, односно инженер за дизајн“, а потенцирал и дека има искуство со работа на компјутери и калкулатори.

За жал, во апликацијата не е наведено за која позиција се пријавил Џобс, но се знае дека неговата прва работа била во Atari со Стив Вознијак со кого подоцна го основале Apple.