Еве што кажа претседателот на Атлетико, Енрике Сересо, за заминувањето на Гризман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, ги демантираше шпекулациите дека Антоан Гризман ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Медиумите изминатите неколку месеци го најавуваат трансферот на Гризман во Манчестер Јунајтед, а фудбалерот минаата недела во интервју за една француска телевизија рече дека шансите да се пресели на „Олд Трафорд“ се 60 отсто.

„Гризман наредната сезона ќе биде на Ванда Метрополитано (новиот стадион на Атлетико). Нема да оди никаде, ќе остане со нас“, рекол Сересо.

Францускиот напаѓач одигра уште една одлична сезона во дресот на Атлетико, која ја заврши со учинок од 26 голови и 12 асистенции. Гризман има договор со Атлетико до 2021 година.

Сезоната 2016/2017 беше последна која Атлетико ја играше на легендарниот стадионо „Винсенте Калдерон“, од наредната клубот се сели на новиот „Ванда Метрополитано“.