Еве што имало пред фамозниот „Big Bang“ според Стивен Хокинг (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британскиот научник со светско реномен, Стивен Хокинг, во интервју за „Космос“ ги изнесе своите ставови и теории за тоа што имало пред The Big Bang, познатата теорија за „Големата експлозија“ од која, според повеќето научници, настанала Вселената.

„Ништо немало пред таа голема, голема експлозија. Според Општата теорија на релативитетот на Ајнштајн, просторот и времето создаваат просторно-временски континуум, или диверзитет, кој не е рамномерен, туку е извиткан од материјата и енергијата во неа“, објаснува физичарот во разговорот со Нил Деграс Тајсон, популарен американски астрофизичар и водител на емисијата.

„Тоа е нешто слично на површината на Земјата, но со уште два параметра. Оваа теза ја опишува временско-просторната променливост преку својствата на сферата како облик – „затворена” површина без почеток и крај. Според оваа аналогија, реалното и замисленото време се една точка за којашто важат вообичаените закони на физиката“, додава Хокинг, повикувајќи се на Евклидовата теза за квантната гравитација, според која времето е класифицирано како четврта димензија со засебни својства.

Така, заклучокот гласи дека како што на земјината топка нема појужна точка од Јужниот Пол, така и пред Големата Експлозија, како почетна точка, немало ништо.