Актуелно

Еве какво време носи првиот пролетен ден


Првиот ден од пролетта годинава ќе измине во топло и генерално повеќе сончево отколку облачно време. Мала облачност претпладне се очекува во источниот, а попладне во западниот регион.

Од друга страна, висока облачност ќе има над земјава во поголем дел од денот.
Ветерот ќе биде сосема слаб.

Температурата ќе има минимум низ котлините помеѓу 4 и 8 степени. Дневната температура  ќе биде релативно висока. Повторно најтопло на југот на повардарието, околу 23 степени, а во северниот дел од овој регион околу 21 степен. Низ останатите котлини температурата ќе има вредност помеѓу 19 и 22 степени.

Скопскиот крај очекува мала облачност, односно претежно сончево време.Температурата ќе има максимална вредност околу 21 степен.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!