Актуелно

Еве какво време ќе имаме до крајот на неделата


Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура во земјава ќе се движи од три до 12, а дневната температура од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температура ќе се движи од 7 до 23 степени.

Според најавите од УХМР, до петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

В сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top