Еве какво ќе биде времето денес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во четврток, во Македонија ќе преовладува претежно сончево и потопло време, проследено со слаб северозападен ветер.

Минималните дневни температури ќе се движат во интервал од минус 1 до 7 степени, а максималните од 17 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална температура до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината..