Еве како се однесува Меланија кон Трамп после муабетите за секс аферата со Плејбој зајачицата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако овие денови во јавност излезе муабетот дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред 12 години ја изневерувал Меланија со Плејбој зајачицата Карен МекДагал, откако претходно со недели се шушкаше за аферата со порно актерката Сторми Даниелс, Доналд и Меланија заедно се појавија во посета на Флорида после масакрот во средното школо.

Меѓу нив цело време немаше ниту еден контакт, Меланија го следеше сопругот, но не покажа никаква блискост кон него. Затоа тој, уште еднаш, по доаѓањето на Флорида, се обиде да покаже дека се среќен брачен пар, но уште еднаш планот не му успеа.

Странските медиуми пишуваат дека Доналд на неколку секунди успеал да ја „улови“ Меланија за палецот, но потоа таа го извела својот веќе добро познат маневр – секогаш кога ќе се обиде сопругот да ја фати за рака, таа токму со таа рака почнува да си ја поправа фризурата.

После прикзната дека Трамп ја изневерувал со Сторми, Меланија не отиде со него на Давос. Посетата на Флорида после масакрот не можеше да ја избегне, но контактот со сопругот вешто го избегнуваше на секој можен начин, давајќи дополнителен материјал за таблоидите кои на големо пишуваат за „проблемите во рајот на Трампови“.