Еве како можете да пиете цела вечер и да не се опиете!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секако дека ситуациите во кои одиме на пијачка за да се запиеме не се толку чести, ниту пак препорачливи, но некогаш едноставно се случуваат (често и спонтано).

Таквите ситуации брзо стануваат непријатни (а понекогаш и опасни), па затоа, пред следното излегување со пријателите или одење на некоја прослава, научете да го користите овој трик.

Ако немате висока толеранција за алкохол, од помош може да ви биде обичен квасец. Сувиот квасец, кој често се користи за подготовка на пекарски производи и други месени работи кои ги правиме и дома, во себе содржи група ензими кои помагаат во разбивање на молекулите од алкохолот (кои инаку би биле отровни за нашиот организам).

Црниот дроб е единствениот наш орган кој произведува доволно ензими кои го разградуваат алкохолот, но таа количина не е доволна за да ја спречи состојбата на пијанство. Меѓутоа, клучно е да се конзумира квасец пред да конзумирате алкохол, бидејќи така ензимите ќе го нападнат алкохолот пред да дојде до вашиот крвен систем и црниот дроб.

Ако сепак претерате со пијачката, постојат начини на кои можете да го избегнете непријатниот мамурлак следното утро – витамини, здрави оброци, многу вода и избегнување на темни алкохолни пијалоци (обоени). Потењето и вежбањето, исто така, се од помош и корист.