Софтвер

Еве како може да дознаете кој потајно ве прати на Фејсбук и Инстаграм


Многумина сакаат да знаат кој потајно ги посетува нивните профили на друштвените мрежи. Оној кој не сака да се крие ќе ги лајкнува вашите објави и ќе коментира, но постојат и такви кои секојдневно го посетуваат вашиот профил, а вие не знаете.

Пстојат некои алатки со кои ќе може тоа да го дознаете. Овие алатки во најголем број од случаите се многу прецизни, но сепак постои можност и за грешка.

Фејсбук

Огромен број сумливи апликации ветуваат дека ќе ви покажат кој ви го гледа профилот. Но, нажалост фејсбук не дозволува корисниците да дознаат кој им го посетува профилот. На оваа друштвена мрежа сепак постои едно место на кое може да видите кој ве следи, а тоа е Фесбук-стори. Тука постои листа која може само вие да ја видите.

Твитер

Оваа друштвена мрежа посветена е на случувањата и мислењата, а помалку на приватни фотографии и активности. Но доколку ве интересира кој ви го посетува профилот, постои метода со која тоа може да го направите.

Твитеровиот Analytics Dashboard ви нуди низа на информации, како успехот на поединечни твитови, бојот на кликови на линковите, локација и слично. Па според некоја логика може да утврдите кој ве следи, ако ги искористите тие информации.

Инстаграм

Исто како кај Фејсбук, Инстаграм-стори е одлчен показател за тоа кој ве следи. Па доколку го отклучите Инстаграм профилот ќе може да видите точно кој го погледнал вашето „Стори“ и на тој начин да утрвите кој ви го посетува профилот.

LinkedIn

Кај оваа друштвена мрежа важи спротивното. Постои опција „Who’s Viewed Your Profile“ и слободно може да видите кој ви го посетил профилот. Малку знае да биде незгодна доколку вие сте тие што сакаат тајно да гледаат некои профили, но и за тоа постои решение. Корисниците не може да видат кој им го погледнал профилот доколку сте во „приватен мод“, дури и да платат за тоа.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top