Еве како ќе изгледа Ливерпул следната сезона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јирген Клоп наводно добил гаранција од сопствениците дека на лето ќе му бодат донесени пет или шест врвни фудбалери и дека ќе има голем буџет на располагање, пренесуваат англиските медуми.

Тимот ќе претрпи мини реконструкција следното лето, па некои фудбалери сигурно ќе го напуштат „Енфилд“. Клоп сака да се ослободи од Даниел Стариџ и на негово место да го донесе Пјер Емерик Обамејанг, иако тоа нема да биде вооошто лесно бидејќи напаѓачот е мета уште на Сити и Реал Мадрид.

Следното лето на „Енфилд“ сигурно ќе пристигне и нов голман. Самир Хандановиќ е главна цел, а негова алтернатива е Џо Харт, кој сигурно нема да остане во Манчестер Сити.

Главната трансфер цел на Клоп е секако ѕвездата на Баер Леверкузен, Јулијан Брант за кого „црвените“ се спремни да ја активираат откупната клаузула.

Тоа не е се, на Ливерпул му треба и нов лев бек бидејќи на таа позиција моментално игра Милнер, а сигурно ќе биде доведен и еден стопер.