Славни

Еве како ќе се вика „новата принцеза“ во кланот Џенер/Кардашијан


Со фотографијата која ја објави на Инстаграм, а на која го држи во својата рака рачето на новороденото бебе, Кајли Џенер го откри името на приновата која пристигна во славниот клан Кардашијан/Џенер.

„Stormi Webster“, (Сторми Вебстер) гласеше описот на фотографијата и со тоа младата реалити ѕвезда откри дека нејзината ќеркичка ќе го носи токму ова име.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Вебстер е вистинското презиме на нејзиното момче, односно таткото на детето, Тревис Скот.

Но, како дојдоа до Сторми?

Извор близок до парот вели дека одлуката за името била донесена веќе некое време, отприлика пред 20-тиот роденден на Кајли затоа што персоналот на Кајли кога посетил една продавница за бебиња во Лос Анџелес купиле повеќе работи за бебето, меѓу кои и креветче на кое било напишано името „Сторми“.

Сè уште нема конкретно објаснување како дошле до идејата за ова необично име и единствената асоцијација е дека потекнува од зборот „storm“ (бура).

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top