Авто мото

Еве како беше откриена измамата на „Фолксваген“ со дизел моторите


Аферата со манипулирање на компјутерските системи за контрола на издувните гасови на дизел автомобилите на „Фолксваген“ била откриена случајно, благодарение на еден швајцарски и неколку американски студенти, пишува германскиот магазин „Шпигел“.

„Фолксваген“ беше казнет со 15 милијарди евра, откако беше откриено дека софтверот во неговите дизел автомобили е направен така да ги манипулира резултатите од тестовите за испуштање на штетни материи.

„При испитувањето се покажа дека „Фолксваген Пасат“ испушта 20 пати повеќе штетни материи, отколку што покажувал неговиот компјутер, додека „Фолксваген Џета“ испушта 25 пати повеќе штетни материи. Помислив дека имаме некоја грешка во нашите инструменти, но натамошните проверки покажаа дека „Фолксваген“ намерно манипулирал со софтверот“, вели швајцарскиот студент Марк Бес.

Истражувањата била извршени во Универзитетот на Западна Вирџинија во американскиот град Моргантаун, каде група студенти финансирани од грант од еколошка организација добиле идеја да проверат дали автомобилите навистина испуштаат штетни материи колку што покажуваат нивните компјутерски системи.

Софтверот бил поставен да ги изманипулира резултатите при вообичаените тестови во кои се симулира движење на возилото, но тестовите во лабораториски услови ја покажале вистинската слика.

„Воопшто немавме цел некого да разоткриеме, едноставно мислевме да спроведеме мало истражување, од кое подоцна се изроди нешто многу поголемо“, вели Бес.

И покрај тоа што компанијата е принудена околу една третина од отштетата која ќе мора да ја плати да ја посвети на истражувачка работа за нови еколошки поприфатливи автомобилски мотори, истражувачите од Универзитетот во Моргантаун се жалат дека нема да добијат никаков финансиски надомест и покрај нивната клучна улога во разоткривање на скандалот.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top