Култура

ЕВЕ ЈА ЦЕЛАТА ПРОГРАМА: По 6-ти пат ќе се одржи Интернационалниот џез викенд во Прилеп


И годинава по 6-ти пат на 24, 25 и 26 август во Прилеп ќе се одржи Интернационалниот џез викенд, на кој учество ќе земат најактуелните џез музичари од регионот. Фестивалот во четвртокот, на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе го отвори Биг Бендот на Здружението на Џез Музичари на Македонија, а веднаш после нив ќе настапат легендарниот тапанар Круно Левачиќ со својот Квартет – The Problems.

Претходно пак во фоајето на Центарот за култура во 19.30 часот ќе се одржи промоција на CD-то „Пет години Prilep Jazz Weekend“.

Во петок публиката ќе ужива со концертите на Џон Илија Апелгрин и Мартин Ѓаконовски Трио, а истата вечер гостува и еден од најхаризматичните ликови на Белградскиот Хип-Хоп, МАРЧЕЛО!

Фестивалот на 26. август ќе го затворат Украинскиот саксофонист Max Kochetov и неговиот квартет, а концерт ќе имаат и Француското ТРИО Metacronic talking.


Годинава фестивалот нуди и богата OFF програма со промоции, изложби, концерти и перформанси. Изложба на ECM кавер фотографии на Fotini Potimia aka LAMP, A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф и аудио-визуелен перформанс на Тома Домовски и Дине Донеф.

Сите концерти и перформанси се одржуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на летната сцена или во големата сала. Повеќе информации за Џез фестивалот може да најдете на www.prilepjazz.mk.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top