Ева Браун гола покрај езеро – The Sun објави фотки од љубовницата од Хитлер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британски The Sun објави фотографии на кои наводно гола позира Ева Браун, љубовницата која пред самиот крај му стана и жена на Адолф Хитлер.

6-12-ewa-braun-gola1

Двете фотографии се направени на брегот на езерото Волфанг. На едната Ева е фотографирана од грб, а на другата се смее некому зад кадарот.

6-12-ewa-braun-gola2

Фотографиите се откриени кај антиквар во Салцбург кој пред девет години ги купил од некоја жена. Таа тврдела дека кутијата со фотографиите ја нашла на таванот на својата куќа. Вистинитоста на снимките ја потврдиле историчари и експерти.

6-12-ewa-braun-gola3

Ева Браун 13 години била љубовница на Хитлер, а се венчале само 40 часа пред заедничкото самоубиство во бункер во Берлин на 30 април.