Ердоган: Америка не може да се нарече цивилизирана држава


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остро ги критикуваше САД поради, како што вели, недемократските обвинувања против неговите телохранители.

Тие се обвинети поради тепачка со демонстрантите за време на посетата на Ердоган на Вашингтон во мај.

„Велат дека САД се колевка на демократијата. Тоа не може да биде вистина. Тоа не може да биде демократија“, изјави Ердоган во својот говор во Истанбул, додавајќи дека Америка не може да се нарече цивилизирана држава.

Ердоган претходно нагласи дека обвиненијата не се обврзувачки за Анкара.

Тепачката меѓу телохранителите на Ердоган и курдските демонстранти кои биле против неговата посета на Вашингтон дополнително ги заладија односите меѓу Турција и САД.