Спорт

ЕП во ракомет: Данска – Словенија, најава, анализа и предлог тип


Еден наспроти два – во однос на поени пренесени од претходниот круг. Данците се поквалитетна репрезентација и имаат високи амбиции. И Словенија имаше високи амбиции, но доколку тимот на Вујовиќ сака да ги оствари би требало да забележи три победи. Тоа е речиси невозможна мисија.

Данците имаат мала предност на стартот, но за тренерот Николај Јакобсен тоа не значи ништо. Тој во пресрет на овој дуел изјави: “Ова ЕП покажува дека секој тим има шанса, секој може да победи секого. Претпоставувам, во моментот, сите шест екипи имаат повеќе или помалку еднакви шанси да стигнат до полуфиналето. ”

По нивниот сензационален пораз против Чесите, олимписките шампиони јасно ги зголемија шансите со заслужената и тешка победа од 25:22 против Шпанија.

Словенија единствено славеше против Црна Гора, за да го резервира својот пласман во вториот круг. Предходно имаа пораз од Македонија и нерешен резултат против Германија.

Десниот бек на Словенија Гаспер Маргуч е прогонуван од резултатите на првите два натпревари: “Уште повеќе ми е жал што не победивме против Германија и Македонија, бидејќи на тие натпревари бевме толку блиску до победа. Но, ако продолжиме да играме како што игравме во последните две средби, можеме да победиме секого “.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top