„ЕНГ Сервис Трејд“ привремено суспендиран од пазарот за електрична енергија во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ сервис трејд“. Компанијата од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, објавија од МЕПСО. Во согласност со правилата за пазар на електрична енергија МЕПСО како организатор на пазарот на електрична енергија изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски кои во овој случај се создадени заради преземена, но неплатена електрична енергија. Суспензијата ќе биде продолжена до крајот на ноември доколку во тој период снабдувачот не ги намири обврските. Ако и до крајот на номеври не бидат намирени обврските, МЕПСО во согласност со тие правила ќе го раскине договорот со компанијата снабдувач „ЕНГ сервис трејд“.

Новиот менаџмент на МЕПСО во период од еден месец ги презел сите располживи мерки: издаде опомени, активира финансиска гаранција и на крајот заради ненамирување на обврските привремено  ја суспендира компанијата снабдувач со електрична енергија во согласност со правилата за пазар на електрична енергија. Освен овие мерки, МЕПСО ги презеде сите расположливи законски мерки за наплата на своите побарувања.

„Сите компании потрошувачи што досега беа клиенти на „ЕНГ сервис трејд“ изминатиов период обезбедија нови снабдувачи со електрична енергија. Со тоа се обезбеди редовно и непрекинато снабдување на тие компании со електрична енергија. Долгот на снабдувачот „ЕНГ сервис трејд“ кон МЕПСО е направен во најголема мера во првиот квартал годинава, но од засега непознати причини претходниот менаџмент не ги активирал инструментите за наплата на долгот за што МЕПСО ги извести надлежните државни инстанции“, пишува во соопштението од компанијата.