Енди Мареј му мава ремет на Доналд Трамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Енди Мареј се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот Твит дека го контактирале од Тајм магазинот дека е избран за личност на годината.

Мареј објави идентичен твит, само што наместо магазинот Тајм наведе дека го контактирале од британскиот јавен серивис.

– Ме контактираа од Би-би-си и ми кажаа дека најверојатно ќе бидам именуван за личност на годината исто како и минатата година, но дека морам да прифатам интервју и фото сесија. Им реков дека тоа не е добро и одбив. Во секој случај, им благодарам, напиша Мареј.