Емотивното видео со кое Меси се збогува со Нејмар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот играч на Барселона, Лео Меси со емотивна порака се збогуваше со својот досегашен соиграч и пријател од соблекувалната Нејмар.

Додека се чека официјалното претставуање и потписот на договорот за новата ѕвезда на ПСЖ, од сите страни на светот пристигнуваат реакции, а особено емотивна беше пораката од Аргентинецот.

„Ми беше задоволство што сите овие години ги поделив со тебе Нејмар. Ти посакувам многу среќа во новата фаза од твојот живот. Ќе се видиме, те сакам“, напиша Меси на Инстаграм со посебно видео во кое се „вртат“ заеднички фотографии од двата одлични фудбалери.

Нејмар ќе стане најскапиот платен фудбалер во историјата на фудбалот, бидејќи Парискиот клуб ќе плати 222 милиони евра оштета на Барселона. Наводно, Нејмар ќе заработува по 30 милиони евра годишно, и тоа по платениот данок.

Нејмар во Барселона пристигна во 2013. година и од тогаш одигра 186 натпревари и постигна 105 гола. Во дресот на репрезентацијата на Бразил настапи 77 пати со 52 гола.

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on