Емери не крие: Го сакаме Нејмар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери не крие дека сака во својот тим да го има еден од најдобрите фудбалери во светот и ѕвезда на Барселона, Нејмар.

Последните неколку дена на големо се шпекулира со иднината на Нејмар и многу медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 222 милиони евра.

На „Камп Ноу“ се убедени дека Нејмар ќе остане во Каталонија, но доколку Бразилецот каже ДА, тогаш Барселона нема да се прашува за ништо.

„ПСЖ ги сака најдобрите фудбалери на светот. Ако сакаме да се натпреваруваме со Баерн, Барса и Реал во Лигата на шампини тогаш мораме да го имаме еден од најдобрите фудбалери на светот. Нејмар дефинитивно е еден од најдобрите пет. Претседателот со години работи на тоа да убеди некој од тие играчи дека ПСЖ е вистинска средина за нив“, изјави Емери.