Елон Маск предупредува: „Не Северна Кореја, оваа е најопасната закана за Трета светска војна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гласниот американски научник и иноватор, основач на компаниите Space X и Tesla, Елон Маск, се осврна на неодамнешната изјава на Владими Путин за иднината на човештвото.

Путин пред неколку дена изјави дека „иднината на човештвото припаѓа на вештачката интелигенција“ и „кој ќе биде прв во таа област – ќе го владее светот“, пренесе Russia Today.

Сè повеќе земји стануваа моќни сили во таа област

Маск смета дека трката помеѓу државите за надмоќ во областа на вештачката интелигенција лесно може да биде причина за Трета светска војна.

„Кина, Русија, а наскоро и другите земји ќе станат сè помоќни во компјутерската наука. Конкуренцијата во глобалната трка за превласт на тоа поле веројатно ќе биде причина за Трета светска војна“, напиша Маск на својот Твитер профил.

Маск, исто така, изрази сомнеж во можноста Северна Кореја да предизвика нуклеарна војна.

„Лансирањето на нуклеарни проектили би било самоубиство за водството на Северна Кореја, бидејќи Јужна Кореја, САД и Кина веднаш ги бо нападнале и уништиле режимот во Пјонгјанг“, напиша Маск.

„Таа е најголемата опасност за човечката егзистенција“

Според негово мислење, тоа не би значело почеток на светска војна, бидејќи Северна Кореја не е во никаков воен сојуз кој би го поларизирал светот и би го втурнал во нова глобална војна. Наместо тоа, Маск повеќе стравува од глобален судир кој може да го предизвика вештачката интелигенција.

„Ако не сте загрижени за безбедноста од вештачката интелигенција, треба да се загрижите. Тоа е многу поголема опасност од Северна Кореја“, тврди Елон.

Него повеќе го загрижува можноста вештачката интелигенција да излезе од контрола и да се сврти против човечкиот вид.

„Таа претставува најголем ризик за човечката егзистенција, но не на начин од типот на сообраќајни или авионски несреќи, неисправни лекови или затруена храна. Тие се штетни за поединци или едно општество, но не за човештвото во целина“, заклучува Маск во своето мрачно предвидување.