Спорт

Ел Класико го уклучи алармот во Реал: Две ѕвезди се „отпишани“, пристигнува „бомба“ од 70 милиони


Поразот од најголемиот ривал на „Сантиаго Бернабеу“ го запали алармот и јасно стави до знаење дека за некои играчи на Реал „дојде крајот“.

На удар повторно се најде Карим Бензема, па после бледата партија во Ел Класико навивачите го отпишаа, а се чини дека и Флорентино Перез го загуби трпението.

Од Шпанија денес пристигнуваат информации дека Серхио Агуеро сега е трансфер цел број еден, бидејќи Интер не сака да го пушти Мауро Икарди. Кун не е задоволен од статусот кој го има кај Гвардиола, а особено неговата минутажа ќе се намали кога ќе пристигне Алексис Санчез.

Шпанските медиуми тврдат дека Агуеро после 6 години би можел да се врати во Мадрид, но овој пат на „Сантиаго Бернабеу“. Трансферот би можел да се реализира уште во јануари и тоа за 70 милиони евра, но тешко е тоа да се случи бидејќи Аргентинецот нема право на настап во ЛШ.

Покрај Бензема, на крајот на сезоната најверојатно ќе замине и Герет Бејл, за кого интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top