Експертите повторно менуваат мислење: Ова масло е штетно за здравјето – еве ги причините


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кокосовото масло со векови се користи како главна состојка во подготовките на храна во многу земји и се смета за поздрава опција од растителните и рафинираните масла, бидејќи содржи помалку заситени масни киселини.

Но, Американското здружение за срцеви заболувања (AHA) го тврди спротивното. Според нив, уште не е докажано дека кокосовото масло е поздраво, како и дека содржи висок степен на заситени масни киселини – дури 82 насто. Тоа, наведува Care2, е многу повеќе од процентот на заситени масни киселини кои ги има во путерот (63 насто) или говедската маст (50 насто).

Заситените масни киселини се непријател на нашите крвни садови и срцето, бидејќи го зголемуваат нивото на лош холестерол во крвта, но и ризикот од срцев и мозочен удар.

Иако е тешко да се поверува дека оваа намирница која неколку стотици години ја користат жителите на пацифичките острови може да претставува закана, важно е да го ограничите внесувањето на заситени масти. Холестеролот е штетен, но сепак ни треба за нашиот организам нормално да функционира.