Експертите порачуваат: Малите сипаници не се тривијална болест – еве зошто е неопходна вакцина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Над 75 лица, повеќето мали деца, добиле мали сипаници во американската држава Минесота. Речиси сите биле невакцинирани. Тоа правило важи и за секоја друга земја на светот. Поради тоа, педијатрите и експертите за јавно здравје сакаат секое дете да биде вакцинирано против тој вирус. Новинарката на Гласот за Америка Керол Пирсон побара одговор на некои основни прашања за малите сипаници и за тоа зошто вакцината е неопходна.

Многумина мислат дека малите сипаници се само уште една детска болест – температура и осип и болеста ќе помине. Меѓутоа, истакнати американски лекари велат нешто друго:

„Малите сипаници не се тривијална болест. Ако избие епидемија на мали сипаници, одреден процент на луѓе ќе имаат сериозни компликации” – предупреди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за здравство.

Малите сипаници можат да предизвикаат трајно оштетување на мозокот. Детето од нив може да оглуви или да ослепе. Овие сипаници исто така убиваат.

„Во ерата пред вакцинацијата околу 500 деца секоја година умирале од мали сипаници во САД, а 50.000 биле хоспитализирани” – наведува Питер Хотез од Медицинскиот факултет Бејлор.

Многумина заздравуваат во рок од две недели, но последиците од болеста траат долго.

„Ако детето добие сипаници, дури и во земја како што се САД, може да има компликации кои можат да бидат смртоносни, како што е воспаление на белите дробови, или може да му се намали имунитетот или да дојде до неухранетост така што детето станува послабо и подложно на други инфекции” – истакна Флавиа Бустрео од Светската здравствена организација.

Доволно е некој да кивне или да се искашла и вирусот преку ситни капки се проширува преку воздухот. Едно лице може да инфицира до 18 други. Секое од тие лица инфицираат нови десет болести и таа така се шири.

90 отсто од изложените ќе добијат вирус освен ако не се вакцинирани или веќе прележале мали сипаници. Вирусот може да се задржи и на рачките од вратите, столиците и која било друга површина до два часа. Ако ја допрете таа површина ќе бидете изложени.

„Многу се заразни и деца кои добиваат мали сипаници, а се сериозно болни. Не е мала работа да се добијат тие сипаници” – вели педијатарот Хоуп Скот.

Првите знаци на мали сипаници се кашлање, течење на носот и висока температура, а следи и црвен осип.

Малите сипаници не се само детска болест. И возрасните можат да се разболат. Американската академија на педијатри ги повика лекарите да соработуваат со родителите кои не се подготвени да дозволат вакцинација на своите деца.

Хоуп Скот од Педијатриската клиника Рестон во Вирџинија вели дека нејзината пракса дозволува на пациентите да воспостават распоред на одложено вакцинирање, но до одредена мера.

„Соработуваме со нив, веројатно додека детето не наполни две години, но ако детето не е вакцинирано до тогаш, а родителите немаат план или не се придржуваат до договорениот план, ги замолуваме да ја напуштат таа пракса”.

Најдобар начин за спречување на мали сипаници е да се примат две дози на вакцини. Центарот за контрола и превенција на болести препорачува децата да добијат прва доза по првиот роденден, а втора доза кога се меѓу 4 и 6 години. Двете дози заедно пружаат 97 отсто заштита од мали сипаници.