Експертите ги предупредуваат татковците кои мислат дека нивните ќерки се принцези!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу татковци сакаат своите ќерки да ги опишуваат како мали принцизи, а експертите предупредуваат дека татковците треба да бидат поконкретни со свите девојчиња.

Тој заклучок со заедничка „сила“ го донесоа експертите од Центарот за истражување во Амстердам и Ридинг кои се обидоа да дадат до знаење дека таквото родителско однесување доведува до анксиозност на децата.

За темата се послужија со некој вид одложување кој вклучува и сигурни ризици. Тоа е она кога родителите ќе му дозволат на детето да излезе од сигурната зона, односно кога ќе го остават да се избори за нешто. Таквите активности, децата подобро ги припремаат за дружење отколку да бидат затворени во „стаклено ѕвоно“. Тоа кажува дека родителите кои го „турнале“ детето од сигурната зона, всушност му го намалиле ризикот од развој на анксиозност и симптоми поврзани со депресија и незадоволство.

A post shared by Linda Ly (@gardenbetty) on

Имено, експертите кажуваат дека татковците ги туркаат синовите од сигурната зона, а на ќерките не им го дозволуваат тоа.

Центарот за јавно здравје од Англија потврди дека 2.2% од децата во Англија, на возраст од 5 до 10 години, пати од анксиозност, а поголемиот дел се девојчиња.

Девојките исто така треба да се охрабруваат и да се научат да се борат сами за себе, бидејки така ќе им го намалите ризикот за депресија.