Спорт

Екс агентот на Верати: Играчите во ПСЖ се како во затвор!


Пари Сент Жермен ова лето направи „бум“ и ги реализираше двата најскапи трансфери во историјата на фудбалот.

Меѓутоа, нивниот проект трае веќе неколку години и постојано расте, а Нејмар и Мбапе беа само последни во низата скапоцени фудбалери кои пристигнаа на „Паркот на принцовите“.

Притоа, „светците“ ни ги продаваат своите ѕвезди и ги „врзуваат“ со долги и богати договори, како што беше случајот со Марко Верати кој беше на мета на Барселона и Реал Мадрид.

Италијанецот минатото лето сакаше да си замине од ПСЖ, но на крајот се откажа од својот агент Донато Ди Кампи и го продолжи договорот со „светците“.

„Никој не може да го купи Нејмар, а тоа важи и за сите други играчи на ПСЖ. Играчите таму се како во златен затвор од кој не сакаат да се откажат. Невозможно е фудбалерите да добијат такви договори на друго место. Поради тоа тие остануваат таму и покрај фактот што лигата е „гола вода“, изјави Донато Ди Кампи.

На прашањето во какви односи е сега со Верати, познатиот агент одговори:
„За мене Верати не постои. Најголошото искуство во животот беше со ПСЖ. Јас направив се за Марко, одев против клубот и државата, па затоа ме боли неговата постапка“.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top