Нобел

Еден век пред сите: Арапите го тестираа првиот летечки такси превоз (видео)


Дубаи сè повеќе почнува да се издвојува како високо-технолошки центар во регионот. Пред неколку дена таму било тестирано првото летечко такси во форма на дрон.

Безпилотното летало развиено од германскиот производител на дронови Volocopter било успешно тестирано на церемонија наменета за дубајскиот престолонаследник Шеик Хамдан бин Мохамед.

Volocopter е летало со две седишта и 18 ротори кое полетува и слетува вертикално, со намена да лета автономно најмногу до 30 минути, правејќи го идеално за патување низ урбани средини на кратки растојанија.

Целта на овој проект е да се развие во платформа слична на Uber каде што корисниците преку нивните смартфони ќе можат да си нарачаат лет од најблискиот “voloport”.

Леталото е опремено со дополнителни батерии, ротори и падобрани за осигурување на безбедноста на патниците во било која ситуација.

Во последно време летачките возила сè повеќе се сметаат за возможни начини за транспорт во иднината, а во нивно развивање се вклучени и големи имиња како Лари Пејџ (еден од оснивачите на Google), и компании како Uber кои и самите развиваат планови за нудење услуги со нивни летечки таксија.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top