Еден убиен и тројца повредени во напад со нож на универзитетот во Тексас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно лице е убиено, а најмалку дуги три биле ранети во напад со нож кој се случил во кампусот на универзитетот во Остин, Тексас, јавија американските медиуми.

Според истите извори напаѓачот бил уапсен.

Нападот се случил во близина на теретаната во кампусот, без при тоа да бидат објавени повеќе детали.

Универзитетот ги предупреди студентите да го обегнуваат местото каде се случил нападот.

Се наведува дека трите лица кои биле ранети се наоѓаат во тешка состојба.